сезона: 1
Содржина
Кога еден успешен тим за комедии, составен од британска брачна двојка, оди во Холивуд за да ја продуцира новата верзија на нивната хит ТВ серија, тие се воодушевени. Но, наскоро дознаваат што им испланирале американските извршни продуценти.
Во првите три сезони од оваа англо-американска хумористична серија, Шон (Стивен Манган) и Беверли (Тамсин Грег) се повикани во Холивуд да ја адаптираат нивната позната британска комедија за еден интернат, „Лиман бојс“, но нивната американска мрежа им ја претвора во „Пакс“, ситком за еден средношколски хокејски тренер, во кој игра Мет Лебланк. Воопшто не е изненадување што шоуто добива лоши критики и лош рејтинг. Третата сезона завршува кога Шон и Беверли конечно се враќаат назад дома во нивниот сакан Лондон. Оваа сезона Мет се соочува со финансиска криза и е присилен да носи тешки одлуки. Мет како Мет веројатно ќе донесе погрешни одлуки. Шон и Беверли се одвлечкани назад во Лос Анџелес за да снимаат уште епизоди од нивниот катастрофален ситком „Пакс“. Во меѓувреме, нивниот друг проект „Спротивно од нас“ одбива да си замине. А има нов директор на мрежата, кој на сите ќе им го искомпликува животот. Во четвртата сезона на „Епизоди“ ќе има губење богатство, скршени срца, скршени ега, уништени кариери, откривање на снимки со секс и многу испиен алкохол. Уште еден обичен ден во Холивуд.