сезона: 1
епизода: 13 - Le Morte d'Arthur
Содржина
Огромниот монструм, Безмилосниот Ѕвер, е на слобода близу Камелот, а Артур го игнорира предупредувањето на Моргана дека сонувала како ќе го убие. Ѕверот стигнува до него и го каснува, пред Мерлин да го убие. Артур паѓа во кома, а Големиот Змеј му соопштува на Мерлин дека може да го спаси само со одење на островот на Благословените. Веднаш по доаѓањето мерлин се соочува со вештерката Нимуе, која му дава противотров, вода од пехарот на животот, но го предупредува дека мора да жртвува некој друг, ако сака да го спаси Артур.