сезона: 1
Содржина
Во темнината, сè излегува на виделина. Кога грозно убиство го шокира Лос Анџелес во 1938 година, детективот Тијаго Вега и неговиот партнер Луис Миченер се вовлечени во епска приказна што ја отсликува богатата историја на градот.
Духовниот наследник на оригиналната приказна за Пени Дредфул, која се одвива во викторијанска Англија, „Пени Дредфул: Градот на ангелите“ започнува во Лос Анџелес во 1938 г, во време и место што е длабоко обременето со социјални и политички тензии. Кога грозно убиство го шокира Лос Анџелес во 1938 г, детективот Тијаго Вега (Даниел Зовато) и неговиот партнер Луис Миченер (Нејтан Лејн) се вовлечени во епска приказна којашто ја отсликува богатата историја на Лос Анџелес: од градењето на првите градски автопатишта и неговите длабоки традиции на мексиканско-американскиот фолклор, па сè до опасните шпионски акции на Третиот Рајх и подемот на радиоеваннгелизмот. Наскоро, Тијаго и неговото семејство се борат со моќни сили што им се закануваат дека ќе ги раскинат.