сезона: 1
Содржина
Приказна за животот на две американски деца кои живеат во воена база на САД во Италија. Серијата го истражува пријателството, првата љубов, идентитетот и ја вовлекува публиката во целата радост и мака на тоа да се биде тинејџер.
Номинираниот за “Оскар“ Лука Гвадањино го носи својот уникатен филмски стил на телевизија за првпат преку серијата од осум епизоди „Ние сме тие што сме“, која ексклузивно дебитира на ХБО. Серијата преставува приказна за животот на две американски деца кои живеат во воена база на САД во Италија и го истражува пријателството, првата љубов, идентитетот, и ја вовлекува публиката во целата радост и мака на тоа да се биде тинејџер - приказна што може да се случи секаде во светот, а во овој случај се случува во ова мало парче на Америка во Италија.