Минисерија во три дела, создадена за „Ејч-Би-О“, од познатата режисерка Агнешка Холанд. Драмата е заснова на вистинити настани и ликови и се фокусира на алармантното дело на студентот Јан Палах, кој се самозапали како протест против советската окупација на Чехословачка во 1969 г. Подоцна, адвокатката Дагмар Бурешова го застапува неговото семејство на судењето против комунистичкиот парламентарец кој ја обесчестува жртвата на Палах. Борбата за слобода, морални принципи и издржливост во време на очајот доведува до обединување на една репресирана нација, која го порази тоталитарниот режим 20 г. подоцна. Дваесетгодишнината од смртта на Палах инспирира нова генерација студенти, кои почнаа протести што доведоа до конечниот пад на комунизмот во Чехословачка, заедно со падот на железната завеса во Европа. Адвокатката Дагмар Бурешова, која го минува својот живот бранејќи ги прогонетите водачи на опозицијата, станува прв министер за правда во слободната Чехословачка.