На националната ТВ „Алфа“ одново стартува забавно-музичкото ТВ шоу “Опуштено”. За разлика од тогаш кога „Опуштено” беше препознатлива по водителите Тони Михајловски и Део, после пет години пауза во новата сезона гостите ќе ги пречекува и публиката ќе ја забавува само Тони со музичка поддршка на сајзеристот Славиша Кибровски и пејачката Нина Јанева.