Содржина
11-годишната Лили може да разговара со животните! Ова е тајна што не треба да ја знае никој освен нејзините родители. Нејзиниот посебен талент предизвикал доволно проблеми во минатото и поради тоа семејството мора повторно да се сели. Лили ветува дека ќе ја чува тајната за себе кога ќе се преселат во новиот дом, но тој план малку се менува откако открива дека злобниот крадец на животни го краде слончето Рони од локалната зоолошка градина. Заедно со нејзиниот пријател Јаков, Лили тргнува во возбудлива авантура за спасување на Рони и на другите животни.