Содржина
Во минатите неколку години дојде до драматичен пораст на масовните напади со огнено оружје во САД, што претставува епидемија на насилството со огнено оружје во земјата. И покрај сѐ поголемиот број жртви од огнено оружје и огромниот шок и бес што се попојави во јавноста, Америка не успеа да преземе некакви позначителни дејства. Што ги спречува двете страни да поведат дебата, тие што сакаат построга контрола на огненото оружје и тие што се залагаат за заштита на вториот амандман, за да најдат заеднички јазик? Режисерката Стефани Шехтиг и Кејти Курик (тимот зад хитот „Премногу е на филмскиот фестивал „Санденс во 2014 година) повторно се здружуваат за да создадат документарец што на сеопфатен и фер начин ќе ги прикаже и двете страни на една од најполаризирачките теми што ја раздвојуваат Америка.