Содржина
Родена во едно од најбогатите и најпознати семејство во американската историја, Глорија Вандербилт живеела пред очите на јавноста повеќе од 90 години, барајќи љубов, семејство и кариера и паралелно искусувајќи екстремна трагедија и неверојатен успех. Во овој документарец во продукција на „HBO Documentary Films, Вандербилт и нејзиниот син, наградуваниот новинар Андерсон Купер, се навраќаат на неверојатниот и продуктивен живот на Вандербилт. Во режија на Лиз Гарбус, филмот прикажува архивски снимки и до сега невидени домашни видеа од минатите осум децении, заедно со сцени од сегашноста кои ни даваат интимен портрет на едно од најфасцинантните американски семејства. Во серија искрени разговори, Купер и Вандербилт ја раскажуваат приказната за нивното минато и за сегашноста, за загубите и за љубовта, прикажувајќи како работите се повторуваат на најпредвидливи начини.