Содржина
Откако детективот од балтиморската Полиција Шон Свитер е застрелан и убиен на должност, трагедијата наскоро се вплеткува во голем корупциски скандал кој се заканува целосно да ги разниша веќе напнатите односи на јавноста со полицијата.
Долгометражниот документарец на Соња Сон ја прикажува сѐ уште нерешената смрт на полицискиот детектив од балтиморската Полиција Шон Свитер, фатално застрелан во главата во 2017 година додека бил на должност, и ги истражува шпекулациите за тоа што навистина се случило тој ден. Со искрени интервјуа со членовите на балтиморската полиција, вдовицата и децата на Свитер, новинарите посветени да ја откријат вистината, адвокати и политички водачи, „Бавен метеж“ ја истражува мистеријата што ја опкружува смртта на Свитер и многубројните теории кои излегуваат на виделина при истрагата на случајот, вклучувајќи ја и таа дека смртта на Свитер била пресметано убиство или самоубиство.