Содржина
Роџер е куче скитник што се грижи за напуштените животни на Робоград така што краде храна од богатите и им ја носи на помалку богатите животни. При една таква кражба ја запознава богатата и разгалена мачка Бела и тие двајцата веднаш влегуваат во класична кавга во стилот куче-мачка. За тоа време роботите го преземаат Робоград, а во тоа им помага градоначалникот кој сака да ги протера сите други жители од градот. Бегајќи од роботите, Роџер и Бела среќаваат бројни други животни кои сопствениците ги заборавиле при бегството, па сфаќаат дека и покрај разликите, мораат да се потпрат еден на друг за да преживеат.