сезона: 1
Содржина
Нова документарна серија на ХБО заснована врз бестселерот на Мишел Мекнамара „Ќе исчезнам во мракот: Опсесивната потрага на една жена по убиецот од Голден Стејт“. Новинарката Мекнамара беше решителна да го најде насилниот психопат кого го нарече “Убиецот од Голден Стејт“, кој ја тероризираше Калифорнија во доцните 1970-ти и раните 1980-ти, извршувајќи 50 сексуални насилства во куќи и десет убиства. Потоа тој исчезнува повеќе од три декади, избегнувајќи ја полицијата и некои од најдобрите детективи во регионот. Во вторник, на 24 април 2018 г., полицијата од Сакраменто го уапси поранешниот полицаец Џозеф Џејмс Деанџело во неговата куќа во блиското предградие, идентификувајќи го преку ДНК како ноторниот сериски убиец и го обвини за голем број злосторства.