сезона: 1
Содржина
Серијата го прикажува светски познатиот боксерски тренер Фреди Роуч додека работи со идните ѕвезди, пречекува славни посетители, прави многу други работи кои го интересираат и сето тоа додека се бори со Паркинсоновата болест.
ХБО се здружува со режисерот Питер Берг („Светлата во петок навечер“),добитник на наградата „Еми“ за документарната серија „За Фреди Роуч“, која ги прикажува секојдневните активности на славниот боксерски тренер и кандидат за Меѓународната хала на славните, Фреди Роуч, додека работи со елитни боксери во својот боксерски клуб „Вајлд Кард“ во Холивуд, Калифорнија и води постојана битка со Паркинсоновата болест. Во текот на шест епизоди, камерите го следат Роуч додека ги тренира идните ѕвезди, постојано пречекува славни посетители во својот спортски центар и наоѓа време да се занимава со еден куп други работи во животот, и сето тоа додека се бори со болеста, која многу веројатно е поврзана со неговото боксерско минато.