сезона: 1
епизода: 1 - Care and Protection
Содржина
Кога не е на должност, инспекторот Фрост ја негува својата болна сопруга, но преку ден грижата за неa мора да ја остави на една болничарка. Кога Фрост добива задача да го истражи исчезнувањето на една млада девојка, за помош му доделуваат нов помошник, Клајв Бернард. Додека ја бараат исчезнатата девојка, полицијата во шумата открива исечена рака поврзана со празен сеф, што успеваат да ја поврзат со еден грабеж на банка од пред 30 години. Кога умира сопругата на Фрост, тој е скршен и се врти кон работата за да ги оттргне своите мисли. Тој успева да открие кој е ограбувачот и убиецот, но ќе мора физички да се соочи со еден вооружен човек за да го изведе пред лицето на правдата и да ја спаси девојката.