сезона: 1
Содржина
За семејството Гудман, петочната вечера е слична на неделниот ручек, само два дена порано и со едно јадење плус. За Адам и брат му Џони, овој настан е неопходно маткање, неопходно е бидејќи добиваат храна, а маткање е бидејќи мора да ја минат вечерта со мама и тато. Не дека мама и тато не се прекрасни, ама тато пие кечап директно од шише, мама е опседната со Мастершеф, а пак баба сака да си го носи новото бикини низ куќата.