сезона: 3
Содржина
Во бурното 40-годино владеење, кралот Хенри Осми се соочува со крвава религиозна реформација и предизвици од внатрешноста на сопственото кралство, како што неговите разуздани страсти го водат низ неколку лоши бракови.
Држејќи ја судбината на Англија и светот во своите раце, бурниот монарх се бори да го осигура своето наследство како што полека тоне во лудило. Откако неговиот краток брак со Ан Де Клев е поништен, кралот Хенри Осми се втурнува во нова врска, овојпат со тинејџерката Кетрин Хауард. Додека пристигањето на Кетрин е попречено од омразата на ќерката на Хенри, Лејди Мери, и отфрлено од сенките на нејзиното сопствено љубовно минато, кралот на Англија се соочува со религиозна реформација, лоши односи со Шкотска, и интриги во кралскиот двор од оние со желба за тронот. Како што неверноста на Кетрин и нејзината неспособност да му роди син ја водат до познатата судбина, кралот се жени со Кетрин Пар, а Англија влегува во непријатна војна со Франција која лошо влијае на слабото здравје на кралот, како и силата на неговата војска. Како што спорот помеѓу Католиците и Протестантите ги открива религиозните несогласувања низ Европа, манијакалното лудило на Хенри достигнува нови димензии, а кралството доаѓа пред распад.