сезона: 1
Содржина
„4 блока“ раскажува приказна за пријателство и семејство, предавство и вина во еден арапски клан што живе во централен Берлин (Нојкелн). Во фокусот на приказната е Али ’Тони’ Хамади, кој ѝ ветува на својата жена Калила дека ќе го остави криминалниот живот зад себе и ќе побегне од неговиот реон, односно неговите 4 блока. Сепак, кога неговиот зет е уапсен за време на рација, Тони чувствува одговорност да истапи како лидер на кланот. Тој не сака да му ја препушти контролата на својот темпераментен брат Абас, кој сака да стане нова глава на семејството. Кога на сцената се појавува стариот пријател Винс, Тони го прифаќа со доверба и сигурност. Неговиот сон за живот без криминал повторно станува остварлив. Она што Тони треба допрва да го сфати е дека нема бегање од надолната спирала на вклученоста во криминалот.