Содржина
УЕФА Лига Европа (скратено како УЛЕ), претходно познато како Куп на УЕФА, е годишно фудбалско клупско натпреварување организирано од УЕФА. Денес УЕФА Лига Европа, е второто по ранг европско фудбалско натпреварување, зад УЕФА Лигата на шампионите, а пред УЕФА Лигата на конференции. Купот на УЕФА било трето ниво од 1971 до 1999 година пред да згасне УЕФА Купот на победниците на куповите. Клубовите се квалификуваат за учество на турнирот врз основа на пласманите во нивните национални првенства и домашни купови.