Содржина
Овој документарец претставува прв портрет на контроверзниот американски уметник Роберт Меплторп уште од неговата прерана смрт во 1989 година. Единственото нешто пошокантно од фотографиите на Роберт Меплторп е неговиот живот. Филмот донесува интимни раскажувања од семејството, пријателите и љубовниците, надополнети со искреноста на Меплторп, прикажани преку серија потсетувања на веќе дадени интервјуа, како и никогаш претходно видени интервјуа кои се објавени за првпат. Ова е уникатен портрет на уметникот кој ја претвори фотографијата во современа уметност со храбра визија што предизвика културна војна која трае до денешен ден.