Содржина
Во 1962 година, Хичкок и Трифо се затвориле заедно цела недела во Холивуд за да дискутираат за нивните идеи за преобразба на уметноста на режирањето филмови. Црпејќи инспирација од оригиналните снимки од оваа средба што претставува изворен материјал за книгата на Трифо, „Хичкок според Трифо, филмот ни дава слика за најголемата филмска лекција во историјата, поканувајќи ги гледачите во овој волшебен свет на создавачот на „Психо, „Птици и „Вртоглавица. Неверојатната модерна уметност на Хичкок е објаснета и расветлена преку дел од најголемите режисери на нашето време: Мартин Скорсези, Вес Андерсон, Џејмс Греј, Дејвид Финчер, Кјоши Куросава, Оливје Асајас, Ричард Линклатер, Арно Десплешен, Питер Богданович и Пол Шрадер.