Содржина
„Филм, љубов моја ја прикажува приказната за Виктор Пурис, менаџер, поранешен вработен во кино и љубител на филмот, заедно со неговите две вработени, Корнелија и Лорена, во секојдневната борба да го зачуваат киното „Дачија Панорамик во Пјатра Неамт, едно од последните преостанати кина во Романија денес. Виктор ја преживеал златната ера на киното, па сонува да ги врати славните стари времиња, но се соочува со суровата нова релност. Во кино во кое нема греење и полека се распаѓа, а државата која е сопственик на местото не обезбедува никаква поддршка, ова наликува на борба со ветерници.