Содржина
„Германски пасош е приказна за најголемата трговија со луѓе во Европа по Втората светска војна, организираното систематско продавање на целата германска популација на Романија во Западна Германија. Овој филм ќе се фокусира на поединечните приказни на луѓето кои биле директно засегнати од оваа трговија. По постојано 850-годишно присуство на територијата на Трансилванија и по повеќе од 200 години во регионот Банат, каде што Германците се соочиле со природни тешкотии и со разни епидемии, како и со монголски инвазии, при што се спротивставиле на обидите за асимилација од страна на Унгарците и Романците, а се соочиле и со депортации во регионот Бараган и во СССР, тие сепак успеале да се снајдат во овие краишта и да изградат релативно удобна општествена положба. Но потоа Германците од Романија исчезнале практично преку ноќ. Тие биле купувани и продавани како резултат на итро осмислен таен договор. Со какви проблеми може денес да се соочи некој што бил „продаден на таков начин? Кои се личните, психолошките, моралните, социо-економските последици од ова префрлување на населението, дваесет години по завршувањето на преселбата? Ова се дел од прашањата на кои сака да одговори документарецот „Германски пасош од гледаната точка на директно засегнатите.