Содржина
Овој документарец ги носи гледачите во пожарникарскиот оддел на Њујорк за да ги прикаже животите на честопати „силните и тивки херои кои се жртвуваат за да ги заштитат жителите и да му служат на градот.
Преку снимки од зад кулисите и со интервјуа спроведени од страна на наградуваниот актер Стив Бушеми, поранешен пожарникар во 55-тата станица во Менхетен, филмот ги открива личните патишта на неколкумина сегашни и поранешни пожарникари, потсетувајќи се на некои клучни мигови за њујоршката пожарна, вклучително и на интеграцијата на жените и црните луѓе, на „воените години во 60-тите и 70-тите, на пожарот во аптеката „Вондер Драг во 1966 година, кога загинаа 12 пожарникари, на пироманскиот пожар во „Хепи ленд соушал клаб во 1990 година (87 жртви), како и на трагедијата од 11 септември и на нејзиното огромно влијание врз њујоршките пожарникари.
Филмот прикажува фотографии, ретки видеоснимки од последниве пет децении, сопствени слики на Бушеми и видеа од 11 септември, како и интервјуа со повеќе пожарникари, вклучително и со членови на 55-тата станица и со поранешниот комесар на пожарникарската служба на Њујорк, Салваторе Касано. Документарецот претставува оригинален, сиров и емотивен поглед на жртвите што ги прават пожарникарите, на предизвиците со кои се соочуваат, и открива зошто семејството на њујоршките пожарникари навистина трае вечно.