сезона: 2
Содржина
„4 блока“ раскажува приказна за пријателство и семејство, предавство и вина во еден арапски клан што живе во централен Берлин (Нојкелн). Во фокусот на приказната е Али ’Тони’ Хамади, кој ѝ ветува на својата жена Калила дека ќе го остави криминалниот живот зад себе, но тоа никогаш не е толку едноставно. Една година по драматичните случки со Чулу, многу работи се сменети за семејството Хамади. Абас е на судење за убиство, Амара има нов почеток со Латиф, а Тони конечно може да влезе во бизнисот со недвижнини како што сонувал. Но неговите обиди да го прошири влијанието на семејството не само што го доведуваат во опасност неговиот брак со Калила, туку и моќните ал-Саафи немаат намера да ја испуштат својата контрола врз Берлин без борба.