сезона: 1
Содржина
Дејството на „Винил“ се одвива во Њујорк од 1970-тите и го прикажува бизнисот преполн со дрога и секс во времето на раѓањето на панкот, диското и хип-хопот. Серијата се прикажува преку очите на директорот на една дискографска куќа.
Ричи Финестра (Боби Канавале), основач и претседател на „Американ сентјури рекордс“, се обидува да ги спаси својата компанија и својата душа без да ги уништи сите што му стојат на патот. Со страст за музиката и откривајќи ги скриените таленти, додека „Американ сентјури“ треба да оди на продажба, тој доживува настан кој му го менува животот и повторно ја разгорува неговата љубов за музиката, но тешко го оштетува неговиот личен живот. Оваа нова драмска серија од Мартин Скорсезе, Мик Џегер и Теренс Винтер се одвива во Њујорк од 70-тите години на минатиот век. Таа е приказ на музичката индустрија преполна со секс и со дрога, во времето на раѓањето на панкот, диското и хип-хопот.