сезона: 1
Содржина
Додека се на една консултантска „тезга“ во Јута, Џини ја ставаат да биде главна кога станува јасно дека расистичкиот генерален директор на еден мотелски синџир не сака да го сфати Марти сериозно. Во меѓувреме, Клајд се обидува да флертува со една згодна мормонска девица. Дома Моника се обидува да мине повеќе време со Роско, откако ја откачува женетиот маж со кого се гледа. Но работите стануваат многу мрачни и Роско завршува со малку повеќе разбирање за мајка си, а и со многу повеќе почит за својот татко.