сезона: 1

епизода: 5 - Peleliu Landing

Содржина

Од Том Хенкс, Стивен Спилберг и Гери Гецман, продуцентите на „Браќа по оружје“ – нова мини серија во 10 дела, за пацифичкиот театар на Втората светска војна.
Епската десетчасовна мини серија е во извршна продукција на Том Хенкс, Стивен Спилберг и Гери Гецман, креативниот тим зад мини серијата на HBO, добитник на наградата „Еми“ во 2001, „Браќа по оружје“. Мини серијата ги следи вплетканите патешествија на тројца американски маринци – Роберт Леки (игран од Џејмс Беџ Дејл), Јуџин Слеџ (Џои Мазело) и Џон Басилон (Џон Седа) – низ широчините на Пацификот. Необичните искуства на овие мажи и нивните соборци, маринци, ги носат од првиот судир со Јапонците, во проколнатите џунгли на Гвадалканал, преку непробојните дождовни шуми на Кејп Глостер, преку коралните тврдини на Пелелиу, до црните песочни тераси на Иво Џима, преку полињата на смртта на Окинава, до триумфалното, но тешко враќање дома по денот на победата над Јапонија. Карл Френклин („Рим“ на HBO), Џереми Подесва („Шест стапки под земја“ на HBO), Тони То („Браќа по оружје“ на HBO), Тим Ван Патен („Сопранови“ на HBO) и Греам Јост („Од Земјата до Месечината“ на HBO) ќе ги режираат епизодите. Сценаристите и дополнителните режисери ќе бидат најавени како што ќе бидат потврдувани. ПАЦИФИК се заснова врз книгите, „Со стариот вид“ на Јуџин Слеџ, за која историчарот Пол Фасел има кажано дека е „еден од најдобрите мемоари кои имаат произлезено од војната“, и „Шлем за мојата перница“, на Роберт Леки (добитник на Годишната награда на воени репортери од маринскиот корпус), како и врз оригинални интервјуа направени од страна на филмски работници. Продолжувајќи ја работата околу усната историја на Втората светска војна, започната од неговиот татко, Стефан Е. Емброуз (автор на книгата „Браќа по оружје“), Хју Емброуз има улога на советник во создавањето на мини серијата.

Слики

ПацификПацификПацификПацификПацификПацификПацификПацификПацификПацификПацифик

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Апсолутна власт (2010)

    image
    Атлантик Сити, 1921. Во град чие богатство порасна во предвечерјето на прохибицијата, Наки Томпсон (Стив Бушеми) плаќа голема цена за да ја добие најголемата моќ...
  • Ертугрул (2014)

    image
    Серија прати живот Ертугрула, оца Османа И, оснивача Османског Царства, његов долазак на власт у племену Каји, али и љубав измеѓу њега и Халиме. Радња је...
  • Осман (2019)

    image
    У недостатку воѓе племена Каји, које је до тада водио Ертугрул, водство над племеном привремено преузима његов брат Дундар-бег. Дундар одлучује отиќи у...
  • Викинзи (2013)

    image
    Годината е 793, а младиот викиншки воин Рагнар Лотброк сонува за тоа да отплови на запад, во водите кои веќе однеле многубројни викиншки истражувачи. Нивниот...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.