сезона: 3
Содржина
„Црно огледало“ е извитоперена алегорија на добата на „Твитер“ и ја прикажува колективната неудобност на нашиот модерен свет. „Црно огледало: Петнаесет милиони бодови“ претставува саркастична верзија на блиската иднина. Општеството опстојува во состојба на дронови напикани во соби кои наликуваат на ќелии, а ѕидовите се џиновски ТВ-екрани, кои ги придружуваат маса луѓе во навидум бесмислени велосипедски вежби, додека реалните ТВ-програми и квизови постојано се вртат на екранот. Колку повеќе возите на велосипедот, толку повеќе „бодови“ освојувате. Во ова безнадежно постоење го следиме Бинг, кому полека му досадува сѐ што нуди неговиот живот. Сепак, средбата со новодојдената Аби му дава нова смисла во животот, да ѝ даде шанса да ја избегне секојдневната монотонија преку единствената преостаната цел кон која може човек да се стреми во животот, а тоа е да се појави на телевизиското шоу за таленти наречено „Фраер“.