сезона: 1
Содржина
Триделниот документарец на ХБО, „Обама: Во потрага по посовршен сојуз“ претставува хроника за личното и политичкото патешествие на претседателот Барак Обама, додека земјата се справува со својата расна историја. Испреплетена со разговори со колегите, пријателите и критичарите, а проткаена со неговите сопствени говори и интервјуа за весниците, серијата започнува со детството на Обама и нè води низ неговата перспектива како син на бела мајка од Канзас и африкански татко, неговото духовно формирање од генерација на црни лидери, како и неговите надежи за поинклузивна Америка. Преку приказната на еден човек, кој е несомнено поврзан со историјата на земјата, „Обама: Во потрага по посовршен сојуз“ се осврнува на минатиот и сегашниот национален идентитет на земјата.