Тур де Романди — велосипедска етапна трка, која е дел од Светската турнеја. Се вози во областа Романди, во француското говорно подрачје на Швајцарија. Започнала во 1947 во чест на 50-годишнината на швајцарската велосипедска федерација.
Трката традиционално започнувала со пролог во Женева и завршувала со друг поединечен хронометар во планинските терени во Лозана. Последниот хронометар традиционално започнувал на стадионот северно од Лозана, се спуштал кон југ Женевското Езеро и повторно се враќал назад нагоре кон стадионот. Во последните изданија на трката, оваа рута е изменета. Не е никакво изненадување, дека победници и неколку од првите возачи обично се одлични специјалисти за хронометри.