Содржина
Топла приказна за неколку млади учеснички на изборот за „Мис можеш“, кој е настан за девојки со посебни потреби, започнат од Еби Куран, првата жена со посебни потреби, која се натпреварувала на изборот за мис на САД.
Кога станува збор за децата со пречки во учењето или со физичка попреченост, фокусот често е на тоа што не е во ред со нив. „Мис можеш“ го слави тоа што е во ред. Овој инспиративен документарен филм на Ејч-Би-О ги прикажува напорите на Еби Куран, поранешна кандидатка за мис на САД од Ајова и прва жена со посебни потреби која се натпреварувала на изборот за мис на САД, како и на осум девојки со различна попреченост, кои учествуваат во изборот за „Мис можеш“. „Мис можеш“ е манифестација создадена во 2004 година од страна на Куран (која има церебрална парализа). На девојките со посебни потреби овој настан им нуди шанса да бидат славени, а не да бидат дефинирани според тоа како светот нив ги гледа однадвор. Девојките и нивните семејства патуваат од разни места до Кивани, Илиноис (родниот град на Куран), за да учествуваат на еден настан кој трае еден цел викенд, кога се покажуваат внатрешната убавина и способностите на девојките. За разлика од традиционалните избори, на учесничките не им се суди според нивната облека, туку според нивниот ум. Никој не си заминува од изборот со празни раце, а секоја девојка добива специјална награда, а како што гледаме, вистинските победници на изборот можеби се семејствата и пријателите, кои гордо навиваат за нив од публиката.