Содржина
Таа играла мажоретки, дебитантки, студентки и глупави девојки, заработувајќи на својот шарм на девојка од соседството во порно филмовите. Таа е Кејти Морган, а во овој „Специјален вистински секс“, таа ја соголува својата душа, а и своето тело пред гледачите на Ејч-Би-Оу во ексклузивно и сеопфатно интервју.
Во режија на Ден Чајкин, овој искрен разговор на камера ги прикажува мислите на Морган за своето потекло од мал град и за влезот во порно индустријата, како и за состојбата на индустријата денес. Интервјуто содржи и исечоци од повеќе од десет филмови на Морган, кои ја прикажуваат нејзината жива и неинхибирана личност пред екраните.
Морган на многу интимен начин истражува разни лични и универзални прашања. Таа се сеќава на своето растење со конзервативни родители, на нејзиниот почеток и на моменталниот живот во порнографската филмска индустрија, нејзините проблеми со законот, нејзината пластична операција и нејзините погледи околу тоа што мисли Бог за неа. Објаснувајќи го своето учество во интервјуто, Морган вели дека сака да го разбие митот дека порно актерите се чудаци или општествено неприлагодени личности. "Не сме сите нимфомански курвишта на дрога", вели таа. "Поголем дел од времето, ние сме прилично нормални".