сезона: 14
Содржина
Тур де Франс или Трка околу Франција (француски: Tour de France) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Франција, но може да се случи да поминува и низ соседните земји. Трката била одржувана секоја година по нејзиното прво издание во 1903, освен кога била попречена поради двете Светски војни. Првично учествувале само француски возачи, но со зголемувањето на популарност тоа се променило и сега учествуваат возачи од целиот свет секоја година. Тур де Франс е дел од Светска турнеја, што значи дека екипите кои се натпреваруваат на трката, најмногу се UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.