poster

Семејството Борџија

Borgias I. (2011)

Драма, Криминал, Историски, Pоманса | Унгарија, Канада, Ирска

Каде да се погледне
Емисијата не е достапна во државата

сезона: 1

епизода: 4

Содржина

Оваа драмска серија е заснована врз озлогласеното италијанско ренесансно семејство Борџија, најозлогласената династија на светот.
СЕМЕЈСТВОТО БОРЏИЈА е сложен, неразубавен портрет на едно од најинтригантните семејства во историјата. Оскаровецот Џереми Ајронс ја игра главната рола на Родриго Борџија, лукавиот манипулативен патријарх на семејството Борџија што се извишува до највисоките кругови на власта во ренесансна Италија. 1492. Западниот свет доживува длабока промена. Опустошувањето од Црната чума на почетокот на векот е дамно минато и градовите и богатството растат. Колумбо плови кон Новиот свет. Девет-годишниот Мартин Лутер учи за верата; Коперник е на првата година на студиите по астрономија. Средновековните институции се рушат, а во Италија цути Ренесансата. Милано е центар на трговијата, неговите богатства ја поддржуваат работата на уметници како Да Винчи. Во Фиренца, од каде што Медичиеви владеат со светот на банкарството, советувани од лукавиот Макијавели, младиот Микеланџело студира вајарство. Далеку од напредокот на Милано и Фиренца, сѐ послабиот и понефункционалниот Рим тоне и се распаѓа. Папата Инокентиј Осми умира. Битката за наследство ќе биде политички шах. Затоа е отворена вратата за можеби најфасцинантното, политички највештото и најамбициозното семејство што дало Папа - Борџија. На смртната постела, стариот Папа Инокентиј жали за извалканиот престол на св. Петар и ги прашува околните кардинали: „Кој ќе го измие?“ Многу утврдени италијански благороднички семејства очекуваат да ја добијат честа. Но едно ново лице од Шпанија, Родриго Борџија, со помош на син му Чезаре, успева да стане папа со поткуп и измами. Сега тој е папата Александар Шести. Александар нема многу време да ужива во својата брилјантна тактичка победа, бидејќи веќе се јавуваат проблеми во семејството. На Чезаре не му се допаѓа одлуката на татко му тој да стане кардинал, а неговиот помлад брат Хуан да ја води папската војска. Нивната убава сестра Лукреција, на само 12 години, наскоро ќе стане пион во семејната борба за власт, додека нивната мајка, Ваноза, е тргната на маргините.

Слики

Beta FilmBeta FilmObitelj Borgia 11Obitelj Borgia 12Obitelj Borgia 13Obitelj Borgia 14Obitelj Borgia 15Obitelj Borgia 16Семејството БорџијаСемејството БорџијаСемејството БорџијаСемејството БорџијаСемејството БорџијаСемејството БорџијаСемејството Борџија

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Јадници (2018)

    image
    Телевизијска адаптација класичног романа Виктора Хугоа. Серија прати животе и меѓусобне односе неколико француских ликова у двадесетогодишњем периоду раног 19....
  • Позовите бабицу (2012)

    image
    Серија прати животписне приче из живота примаља у источном дијелу Лондона 50-их година, снимљена према бестселеру - мемоарима медицинске сестре Јеннифер Wортх.
  • Хотел на мечтите (2004)

    image
    Not a continuous series with consistent story continuity, but a number of essentially independent stories, 'Love Boat without the cruise ship'. Each episode is...
  • Моќ (2014)

    image
    Јамес Гхост Ст. Патрицк има све: прелепу жену, предиван стан на Менхетну и новоотворени ноќни клуб у Њујорку. У његов клуб, Трутх, долази само елита: позната и...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.