сезона: 2
Содржина
Комедија која се одвива во „Хевен инк“. Кога Господ планира да ја уништи Земјата, ангелите мора да го убедат шефот да го спаси човештвото. Се обложуваат со Него дека ќе го изведат најневозможното чудо: ќе им помогнат на луѓето да се вљубат.
Првата сезона на антологиската серија „Чудотворци“ е комедија која се одвива во канцелариите на „Хевен инк“, а која се темели на книгата на Сајмон Рич, „Што во Божје име“. Во серијата играат Даниел Редклиф, Стив Бушеми, Џералдина Висванатан и Каран Сони. Редклиф го игра Крег, ангел од понизок ранг, кој е одговорен за молитвите на човештвото, а Стив Бушеми го игра Господ, шефот на Крег, кој е доста исклучив и сака да се посвети на следниот проект. За да ја спречат катастрофата на Земјата, Крег и неговата колешка ангел Елиза (Џералдина Висванатан) мора да исполнат една навидум невозможна молитва: да им помогнат на двајца луѓе, Лора и Сем, да се вљубат.