сезона: 1
Содржина
Фудбалскиот Лига Куп, попознат како Лига Куп, е англиско фудбалско натпреварување. Како и ФА Купот, се игра по нокаут систем (систем на испаѓање). За разлика од ФА Купот каде што 762 клуба влегоа во 2008-09, овде само 92 клуба може да влезат, 20-те клуба од Премиер лигата и 72 клуба од Фудбалската лига која го организира натпреварувањето. Исто така за разлика од ФА Купот, полуфиналињата се играат во две кола. Победниците се квалификуваат за Лига Европа на УЕФА, доколку тие не се квалификувале во европско натпреварување преку Премиер лигата или со освојување на ФА Купот.