сезона: 3
Содржина
Оваа драмска серија е заснована врз озлогласеното италијанско ренесансно семејство Борџија, најозлогласената династија на светот. СЕМЕЈСТВОТО БОРЏИЈА е сложен, неразубавен портрет на едно од најинтригантните семејства во историјата. Оскаровецот Џереми Ајронс ја игра главната рола на Родриго Борџија, лукавиот манипулативен патријарх на семејството Борџија што се извишува до највисоките кругови на власта во ренесансна Италија. 1492. Западниот свет доживува длабока промена. Опустошувањето од Црната чума на почетокот на векот е дамно минато и градовите и богатството растат. Колумбо плови кон Новиот свет. Девет-годишниот Мартин Лутер учи за верата; Коперник е на првата година на студиите по астрономија. Средновековните институции се рушат, а во Италија цути Ренесансата. Милано е центар на трговијата, неговите богатства ја поддржуваат работата на уметници како Да Винчи. Во Фиренца, од каде што Медичиеви владеат со светот на банкарството, советувани од лукавиот Макијавели, младиот Микеланџело студира вајарство. Далеку од напредокот на Милано и Фиренца, сѐ послабиот и понефункционалниот Рим тоне и се распаѓа. Папата Инокентиј Осми умира. Битката за наследство ќе биде политички шах. Затоа е отворена вратата за можеби најфасцинантното, политички највештото и најамбициозното семејство што дало Папа - Борџија. На смртната постела, стариот Папа Инокентиј жали за извалканиот престол на св. Петар и ги прашува околните кардинали: „Кој ќе го измие?“ Многу утврдени италијански благороднички семејства очекуваат да ја добијат честа. Но едно ново лице од Шпанија, Родриго Борџија, со помош на син му Чезаре, успева да стане папа со поткуп и измами. Сега тој е папата Александар Шести. Александар нема многу време да ужива во својата брилјантна тактичка победа, бидејќи веќе се јавуваат проблеми во семејството. На Чезаре не му се допаѓа одлуката на татко му тој да стане кардинал, а неговиот помлад брат Хуан да ја води папската војска. Нивната убава сестра Лукреција, на само 12 години, наскоро ќе стане пион во семејната борба за власт, додека нивната мајка, Ваноза, е тргната на маргините.