сезона: 1

епизода: 3 - TALK SHOW

Содржина

Ејч-Би-Оу ви ја претставува „Свита“, хит хумористичната серија која ни дава поглед во секојдневниот живот на Винсент (Винс) Чејс, млад актер во современ Холивуд и на неговата свита. Од својот роден град, Квинс, Њујорк тој со себе ги води: менаџерот Ерик, полубратот Драма и пријателот Желка. Серијата се заснова на искуствата од луѓето кои работат во индустријата, илустрирајќи ги ексцесите на денешниот живот на славните, како и тешкотијата да се најде љубов и успех во брзиот живот на шоу-бизнисот. Сега кога момците се навикнуваат на придобивките од славата, Ерик, заедно со супер-агентот Ари ја одржуваат славата на Винс во нагорна линија додека носат разумни одлуки за долгогодишна кариера во светот каде славата брзо избледува.
Адријан Грение го игра Винс. Кевин Коноли го игра Ерик, најблискиот човек на Винс, кој ги учи правилата на бизнисот додека се обидува да му помогне на Винс да ги донесе вистинските избори и да ја одржи својата слава. Кевин Дилон го игра полубратот на Винс, Драма, чија сопствена актерска инспирација е засенета од успехот на Винс. Џери Ферара го игра Желка, менаџерот на куќата, кој секогаш сака добра забава. Џереми Пивен го игра Ари, агресивниот и моќен агент на Винс, кој се судира со Ерик околу одлуките за својот клиент. Во „Свита“ се појавуваат и Деби Мазар, како публицистката на Винс, Шона и Рекс Ли во улогата на Лојд, омразениот асистент на Ари.
Епизода 3:
Откако го запознава ЏИМИ КИМЕЛ („Во живо со Џими Кимел“) на една забава, по бокс натпревар, Винс се согласува да се појави на неговото шоу и покрај долгото несогласување помеѓу Кимел и Драма. Ерик и Кристен споделуваат долго збогување; Ари ја притиска комичарката САРА СИЛВЕРМАН („Рок училиште“); а актерот ЛУК ВИЛСОН („Русокосата адвокатка“, „Старовремски“) му кажува на Желка како да добие бесплатен систем за домашно кино за Винс.

Слики

СвитаСвитаSvita 01Svita 02Svita 04Svita 05Svita 06Svita 07Svita 08Svita 09Svita 10Svita 12Svita 13Svita 14Svita 15

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Само храбро (2020)

    image
    Потребна је стара пријатељица за нови живот. Разведени терапеут Дреw (Тхомас Миддледитцх) прими лошу вијест да му је затајио бубрег и да ќе му требати нови. Добра...
  • Вистини и лаги (2017)

    image
    Потрага за истином и искреношќу, и живот у лажима главне су теме серије "Истине и лажи" која ќе обележити јесењу сезону на Првој телевизији. Најновији пројекат...
  • Сите големи и мали суштества (2020)

    image
    Џејмс Хериот го следи својот сон да стане ветеринар во Јоркшир Дејлс. Открива дека голем дел од третирањето на животните е третирањето на нивните сопственици, а...
  • Мој роѓак са села (2008)

    image
    Ово је драмска серија са пуно хумора и топлине, занимљивих ликова и људских односа чије је место догаѓања углавном село, лепо и сликовито кроз сва четири годишња...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.