епизода: 42 - серија

Содржина

Кадир и Ајлиз се предодредени да се спојат во една прекрасна љубовна приказна, во која се соочуваат со страдањата на нивните семејства чиишто корени датираат од страшниот земјотрес што се случил во источна Турција децении пред тоа. Мајката на Кадир го раѓа вториот син токму кога се случил земјотресот и семејството е растурено кога таа е одведена во Истанбул.
Таа ќе биде измамена дека Ерол, којшто е дете на друга жена, е нејзин втор син. Во знак на благодарност кон човекот којшто и' се претставува како спасител на синот од урнатините на земјотресот, таа ќе се омажи за него. Разочаран од одлуката на својата мајка, Кадир ќе и го сврти грбот и ќе замине во Доха. Многу години подоцна, таму се сретнува со Ајлиз и развива емоции кон неа, несвесен дека таа му е сестра близначка на Ерол.
Сложената емоционална мрежа која е испреплетена околу нивната врска уште повеќе се усложнува со појавувањето на Селахатин, вистинскиот брат на Кадир. Помирувајќи се со шокантната вистина, Кадир го презема товарот на средување на односите во семејството и надминување на предизвиците во неговата љубов кон Ајлиз.

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Вовед во анатомија (2005)

    image
    'Увод' је други најгледанији програм у Америци, одмах иза овогодишњег Супербоwла који је био најгледаније финале америчког ногомета посљедњег десетљеќа. Серија је...
  • Јадници (2018)

    image
    Телевизијска адаптација класичног романа Виктора Хугоа. Серија прати животе и меѓусобне односе неколико француских ликова у двадесетогодишњем периоду раног 19....
  • Кенедиеви (2011)

    image
    Као амерички велепосланик у Великој Британији Јосепх П. Кеннедy старији настоји спријечити улазак САД-а у Други свјетски рат и отворено подупире Мüнцхенски...
  • Мојата генијална другарка (2018)

    image
    Овој филм ја раскажува приказната за една постара жена, Елена Греко, која откако нејзината најдобра пријателка Лила исчезнува без трага, почнува да ја пишува...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.