Детективот Џек Клот е самотник и пијаница, а работата му станува сѐ во животот по мистериозната смрт на неговата жена. Клот се здружува со храбрата детективка Ен Олдман. Тие заедно истражуваат една серија грозоморни убиства.
Од „Летни убиства“ до „Месија“, ниедна детективска серија нема да избегне да биде исмеана, бидејќи „Детектив Клот“ е сеопфатна пародија на сите полициски филмови во историјата. Во филмот игра Џон Хана („Спартак: Богови на арената“) во улогата на детективот Џек Клот, смелиот самотник и пијаница, кој сосема ѝ се посветува на својата работа по смртта на жена му. Тој се здружува со храбрата детективка Ен Олдман (Сузен Џоунс „Улица Коронејшн“, „Непростено“), па двајцата ќе одат секаде каде што оделе сите детективски двојки пред нив. По бруталното убиство на Алберт Стафорд (Брајан Пек), пензионер којшто го сака Пирс Морган, Клот и Олдман се испратени во куќата на Питер Андре, во рамките на истрагата. Главниот инспектор Том Бос (Џулијан Рин-Тут, „Зелено крило“) бара брзи резултати. Случајот го води тимот од рурална Британија до универзитетите и ординациите на форензичките патолози, со што е можно повеќе шеги по пат. Врз основа на приказната на Борис Старлинг („Месија“), сценариото е напишано од страна на Чарли Брукер и Ден Маер.

Беше на каналите:

Cinemax 2  Cinemax  

Препораки
  • Комесарот Рекс (1994)

    image
    Разведени полицајац усвојио је полицијског пса који је изгубио свог бившег супутника. Њих двојица заједно рјешавају злочине у и око Беча.
  • Мистериите на Лора (2014)

    image
    Лора Дајмонд је сјајна детективка њујоршке полиције у одељењу за убиства, која балансира свој ''Цолумбо'' дневни посао са лудим породичним животом, који укључује...
  • NCIS: Hawai'i (2021)

    image
    Follow a team of Naval criminal investigators who operate on the Hawaiian islands.
  • Мистерија породице Хантер (2017)

    image
    Кад г. и гѓа Хантер нестану, њихово петоро усвојене деце морају да реше мистерију док се труде да ситуација изгледа као да је све у реду.
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.