Содржина
Неколку пријатели го организираат најлудиот 17-ти роденден на светот. „Проект Икс“ прикажува една средношколска забава која целосно излегува од контрола и е снимена со дигитални камери што со себе ги носат самите деца.
Тројца навидум анонимни средношколци се обидуваат конечно да се прослават. Нивната идеја е доволно невина, да организираат незаборавна забава и таму да има камера за да ја документира историјата во нејзиното создавање. Но, ништо не може да ги подготви за оваа забава. Муабетите се шират брзо додека соништата се уништуваат, рекордите се кршат, а легендите се раѓаат.