сезона: 3
Содржина
Голем дел од епизодите во третата сезона на серијата „Сајнфелд“ се инспирирани од сопствените искуства на авторите. Џорџ станува сѐ поголем лажго, Илејн е сѐ почудна, а Крејмер сѐ посигурен во својата откаченост. Оваа сезона ѝ донесе на серијата дури осум номинации за престижната награда Еми. Непрекинатите неволји на неверојатниот невротичен комичар од Њујорк, Џери Сајнфелд, и на неговите еднакво невротични пријатели, продолжуваат и во третата сезона. Неверојатните настани како губење во гаража, возење со лимузина што случајно завршува на нацистички собир или преселба на Крејмер во Холивуд, за Џери, Илејн, Џорџ и Крејмер се и тоа како можни!