сезона: 3

епизода: 7 - GAMES PEOPLE PLAY

Содржина

Фиона Валис е терапевт што има мало трпение за своите пациенти. Откако ѝ здосадува да ги слуша проблемите на луѓето цели 50 минути, таа осмислува нов третман, видеоразговор од три минути. А сепак, на крајот од сесиите, секогаш се работи за неа самата. Ако таа ви е терапевт, имате проблем. Добитничката на наградата „Еми, Лиза Кудроу е една од создавачите, сценарист и главна актерка во оваа урнебесна терапевтска комедија. Во оригиналната продукција како веб-епизоди, „Веб-терапија е серија во која се појавуваат еден куп ѕвезди, кои заедно со Кудроу ги импровизираат своите настапи со урнебесни резултати.
Во третата сезона, Фиона се помирува со новата ситуација во својот живот, а нејзиниот политички посрамен сопруг Кип, има избегано со својот машки менаџер на кампањи. Мајката на Фиона започнува конкурентски бизнис, наречен „Мрежна терапија, па го најмува асистентот на Фиона, Џером, за да го води бизнисот. Нејзиното романтично пријателство со медиумскиот могул Остин е на тенок мраз, сега, откако тој е татко на дете со суперсексуалната Џина. Таа е под истрага за финансиските малверзации во кампањата, а нејзиниот необјавен текст е адаптиран во бродвејски мјузикл, без нејзина согласност! Сето ова се случува додека им нуди „терапија на несреќните клиенти, кои заталкале во нејзината мрежа.

Улоги

Слики

Веб-терапијаInternetska terapija 01Internetska terapija 02Internetska terapija 03Internetska terapija 04Internetska terapija 05Internetska terapija 06Internetska terapija 07Internetska terapija 08

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Државни посао (2012)

    image
    Окосница емисије су сатирични разговори измеѓу тројице актера, коментари који подсеќају на "Станд Уп" форму. У питању су кратки, духовити коментари и опаске на...
  • Сила опасности (2020)

    image
    Цаптаин Ман има нову екипу помоќника суперјунака - Опасне снаге. Цаптаин Ман и Сцхwоз отварају лажну школу како би тренирали клинце да обуздају и контролирају...
  • Сајнфелд (1989)

    image
    Серија која је почела као сваки други ситком, а израсла у најкомплексније телевизијско ремек дело, крије се иза презимена једног станд уп комичара. Сеинфелд је...
  • Луд, збуњен, нормалан (2007)

    image
    Хумористична серија сценариста Феѓе Исовиќа која је веќ у првој сезони освојила хрватске гледатеље својим хумором и изврсном глумачком екипом коју предводи...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.