сезона: 3
Содржина
„ Ејч-Би-О “ ви го претставува враќањето на „Шоуто на Рики Џервејз“, анимираната комедија од создавачите на „Канцеларија“, како и на „Екстрас“ и „Животот е прекраток“ на „Ејч-Би-О “. Во оваа получасовна хумористична серија, врз основа на популарните аудио „поткасти“, гласовите ги позајмуваат Рики Џервејз и Стивен Мерчант, заедно со нивниот колега и пријател Карл Пилкингтон, чии необични мисли се инспирација за многу приказни. Како и во претходните сезони, оваа сезона на „Шоуто на Рики Џервејз“ ќе продолжи да се фокусира на ексцентричниот ум на Пилкингтон, кој е совршена хумористична инспирација за Џервејз и Мерчант. Од бизарни медицински приказни до новооткриени инсекти и бескорисни пронајдоци, Рики и Стивен навлегуваат во чудните мисли во мозокот на Карл, во 13-те урнебесни епизоди на новата сезона.