сезона: 1
Содржина
„Џон Адамс“ го прикажува животот на неверојатна историска личност, човек чиј независен дух, почитта кон владеењето на законот и посветеностa кон личната слобода суштински влијаеле врз вредностите на кои почиваат САД.
„Џон Адамс“ е минисерија на „HBO“ што го прикажува необичниот живот од времето на еден од најмалку разбраните и најпотценетите основачи на Америка, вториот претседател на САД, Џон Адамс. Во серијата играат Пол Џиамати во главната улога и Лора Лини во улогата на верната жена на Адамс, Абигејл. „Џон Адамс“ го прикажува неверојатното животно патување на еден од главните основачи на независноста и Владата на САД, чие наследство честопати се занемарува поради неговите попознати современици како Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Александар Хамилтон и Бенџамин Френклин. Оваа возбудлива минисерија се одвива во бурното време на раѓањето на нацијата и претставува трогателна љубовна приказна, возбудлива сказна и фасцинантна студија на човековата природа.