сезона: 1
Содржина
Ричи Финестра (Боби Канавале), основач и претседател на „Американ сентјури рекордс, се обидува да ги спаси својата компанија и својата душа без да ги уништи сите што му стојат на патот. Со страст за музиката и откривајќи ги скриените таленти, додека „Американ сентјури треба да оди на продажба, тој доживува настан кој му го менува животот и повторно ја разгорува неговата љубов за музиката, но тешко го оштетува неговиот личен живот. Оваа нова драмска серија од Мартин Скорсезе, Мик Џегер и Теренс Винтер се одвива во Њујорк од 70-тите години на минатиот век. Таа е приказ на музичката индустрија преполна со секс и со дрога, во времето на раѓањето на панкот, диското и хип-хопот.