сезона: 2
Содржина
Петте тинејџерки Андреа, Ема, Мија, Оливија и Стефани сфаќаат дека на нивниот сакан Хартлејк Сити му е потребна помош, и со комбинација на нивното различно креативно размислување формираат супер тим од обични девојки кои прават необични работи. Тие му помагаат на градот, го средуваат она што е расипано, го спасуваат она што треба да биде спасено, го изложуваат на виделина мамењето и сите нечесни аспекти во многу области за кои не ни знаеле дека постојат. Покрај помагањето на градот, нашите девојки поминуваат безбројни часови на познатото градско тркалиште. Тие се првите кои ја штитат репутацијата на градот кога Вики Роман доаѓа да ја освои Гран при наградата на Хартлејк Сити. Ова ќе бара девојките да состават тим, да научат нови вештини, да ја надминат љубомората и да “се жртвуваат за тимот“ со цел успешно да го победат професионалниот возач.