рејтинг: 6.7/10
Оценка на корисникот: 8.5/10
(76 гласови)

Содржина

Инспиративната вистинита приказна за Сем Чилдерс, поранешен трговец со дрога, кој минува низ неверојатна преобразба и се наоѓа себеси во неочекувана мисија како спасител на стотици киднапирани сирачиња. Џерард Батлер одлично ја игра улогата на Чилдерс, вдахновениот основач на спасувачката организација „Ангелите на Источна Африка“. Кога поранешниот член на моторџиска банда, Сем Чилдерс, носи одлука што му го менува животот, да оди во Источна Африка за да помогне да се поправат домовите уништени од граѓанската војна, тој е вџасен од неверојатните ужаси со кои се соочува ранливото население во регионот, особено децата. Игнорирајќи ги предупредувањата на поискусните хуманитарни работници, Сем основа сиропиталиште таму каде што е најпотребно, среде територијата контролирана од страна на бруталната Армија на Божјиот отпор (ЛРА), која е одметната милиција што ги присилува младите да станат војници дури и пред да станат тинејџери. Но, за Сем не е доволно да ги засолни потенцијалните жртви на ЛРА. Решен да спаси што е можно повеќе деца, тој предводи оружени мисии длабоко во непријателската територија за да ги спаси киднапираните деца, враќајќи го мирот во нивните животи, а на крајот и во сопствениот живот.

Слики

Проповедникот со митралезПроповедникот со митралезПроповедникот со митралезПроповедникот со митралезПроповедникот со митралезПроповедникот со митралезПроповедникот со митралезПроповедникот со митралезПроповедникот со митралезПроповедникот со митралезПроповедникот со митралезПроповедникот со митралезПроповедникот со митралез

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.