Содржина
Во 2154 година има две класи луѓе: многу богатите, кои живеат на вселенската станица Елисиум, и другите, кои живеат на пренаселената и уништена планета Земја. Луѓето на Земјата се очајни да избегаат од криминалот и сиромаштијата, кои сега владеат во нивниот свет. Единствениот човек што може да донесе еднаквост во овие светови е Макс (Мет Дејмон), обичен тип, кој има очајничка потреба да стигне на Елисиум. Бидејќи животот му виси на конец, тој неволно прифаќа една опасна мисија што го противставува на Делакур (Џоди Фостер), секретарот на Елисиум, а го става и наспроти нејзините верни воени сили. Но, доколку успее, Макс не само што ќе може да го спаси својот живот туку и животите на милиони луѓе на Земјата.