рејтинг: 7.4/10
Оценка на корисникот: 6.9/10
(112 гласови)

Содржина

Роберт Дауни Јуниор ја репризира својата улога на најпознатиот детектив на светот, Шерлок Холмс, а Џад Лоу се враќа во улогата на неговиот пријател и колега, д-р Вотсон, во филмот „Шерлок Холмс: Игра на сенки“.
Шерлок Холмс отсекогаш бил најпаметниот човек во собата, сè до овој миг. Сега дејствува нов криминален гениј, професорот Џејмс Моријарти (Џаред Херис), кој е интелектуален пандан на Холмс, а неговиот капацитет за злото, во комбинација со целосниот недостиг на совест, можеби ќе му дадат предност над познатиот детектив. Низ целиот свет се појавуваат наслови во весниците дека еден индиски тајкун за производство на памук е вмешан во скандал, дека еден кинески трговец на опиум умира од очигледно предозирање, дека има бомбашки напади во Стразбур и Виена, дека умира еден американски магнат за челик... Никој не ја гледа врската помеѓу овие навидум неповрзани настани, никој освен големиот Шерлок Холмс, кој ја препознава испланираната мрежа од смрт и уништување. Во центарот на мрежата е злобниот Моријарти.
Истрагата на Холмс за заверата на Моријарти станува поопасна кога ги води Холмс и Вотсон од Лондон во Франција, низ Германија и најпосле во Швајцарија. Но, итриот Моријарти секогаш е еден чекор понапред и внимателно се движи кон комплетирање на својот злобен план. Доколку успее, тоа не само што ќе му донесе огромно богатство и моќ туку и ќе го промени текот на историјата.

Слики

Шерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенкиШерлок Холмс: Игра на сенки

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.